По настаните вчера и завчера од плеј – офот во Лигата на Шампионите, денеска е ден за плеј – оф натпреварите во Лигата на Европа и Лигата на Конференции и тоа првите.
Секако дека во преден план во Лигата на Европа е двомечот меѓу Порто и Рома, реваншот се игра во Рим следната недела.
Ова се двојките денеска на мечевите кои започнуваат од 18:45 и 21:00 часот:
Во Лигата на Конференции денеска исто така се играат првите мечеви од плеј – офот. За нас поинтересно ќе биде и поради фактот дека неколку интернационалци ќе бидат дел од своите тимови.
Имено “македонскиот“ Борац Бања Лука, во чиј состав се Бобан Николов, Дамјан Шишкоски и Себастијан Херера, предводени од Младен Жижовиќ кој минатата сезона беше тренер на Шкупи, ја пречекува Олимпија.
Додека Дарко Чурлинов вечерва со својата Јагелонија гостува кај ТСЦ во Бачка Топола.
Ова се двојките за денеска во Лигата на Конференции: