„Никој не смее да ви прави притисок“, им порача Масар Омерагиќ на судиите

494

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со својата стратешка определба за подигнување на квалитетот и професионализмот во фудбалското судење. Оваа година, редовниот Зимски судиски семинар 2025 за судии и контролори од Единствената листа за Првата и Втората МФЛ, имаше посебен акцент на едукацијата, физичката подготвеност и унифицираната примена на правилата на играта, согласно највисоките стандарди на ФИФА и УЕФА.

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ ги додели ФИФА амблемите на сите интернационални судии и им посака многу успех, посветеност, професионалност и одговорност во судењето и достојно претставување на ФФМ и Судиската организација ширум Европа.

Првиот човек на ФФМ воедно порача дека никој не смее да им прави притисок и дека неговиот телефон не е тајна, па секој од судиите може слободно да го контактира доколку во иднина им прави притисок или се обиде да ги манипулира во негово име.

ПретходноМанчестер Јунајтед планира да отпушти уште 100-200 вработени!
СледноСаудијците дале понуда во Прага: Менаџерите на Винисиус велат дека не може да се одбие!