Пеп вели дека не бил доволно добар, а допрва го чека ПЕКОЛ!

223

Како ретко кога во неговата кариера, која трае 17 години како тренер, од таа 2008 кога дојде на клупата на Барселона, Пеп Гвардиола се соочува со проблемии тоа какви проблеми. Факт е дека Манчестер Сити оваа сезона игра очајно. Битката за титулата во ПЛ одамна е загубена, се наоѓа и пред елиминација во ЛШ и тоа уште во плеј – офот. Неговиот тим завчера на свој терен беше поразен и надигран од Реал Мадрид со 2:3, ама реално резултатот требаше да биде 3:6 за “кралевите“.

И по овој меч Пеп смета дека виновен е и тој, не само играчите, и смета дека во одредени моменти не е доволно добар.

Тоа е во ред, секоја самокритика е добредојдена, но Пеп допрва го чека пекол.

Погледнете само кои екипи за противници ги има на следните четири меча и се ќе ви биде јасно.

Викендов дома во меч од Премиер-лигата го дочекува Њукасл, тим кој оваа сезона игра на врвно ниво и нималку не е лесно да се дојде до бод а уште повеќе до три бода против “страчките“. Потоа следува во среда реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид против Реал во ЛШ. На 23 февруари Сити игра дома со фантастичниот Ливерпуил за да како крај на оваа серија следува дуелот со Тотенхем на гости.

Неверојатно пеколен распоред за Пеп и неговите играчи на Манчестер Сити.

ПретходноПознати сите учесници во четвртфиналето на Купот на ОФМ
СледноКуп на Македонија: Кожув закажа полуфинале со Гостивар