Денеска стартува битката за пехарот во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“, домаќин е градот Гевгелија, мечевите ќе се играат во салата „26 април“.
Организаторот излезе со соопштение до јавноста, околу начинот на купување на билети и цената на истите. За целодневна програма картите ќе чинат 200 денари, а едно лице може да купи само две карти, и ќе мора да носи личен документ за индетификација.
На влезот во салата сите фанови ќе поминат низ контрола, забрането е носење на тврди предмети, пијалоци, храна, запалки…
Сите детали околу распоредот на 1/4 финалните мечеви можете да ги прочитате во продолжение.