Проблем за Македонија пред најважните дуели за пласман на Европското првенство!

497

Македонската кошаркарска репрезентација се уште има шанси да се пласира на Европското првенство 2025 година, кое би било прво после 10 години пауза. Нашите момци во последните два квалификациски дуели ќе се соочат со Естонија на гостински терен (21 февруари) и против Полска на домашен терен (24. февруари).

Математиката е следна. Селекторот Александар Јончевски и неговите момци треба да слават на гости против Естонија со повеќе од 5 разлика, потоа дома да ја победи Полска, а истовремено да се надева дека Естонија ќе загуби на гости кај Литванија.

Пред овие два важни мечеви, доаѓа непријатна вест. Итан Хап, Американецот со македонски пасош, кој ги прескокна двата меча против Полска, се уште се опоравува од повредата, која го оддалечи долго време од терените. Покрај ова Јончевски нема да може да смета и на Андреј Јакимовски, шансите да дојде и помогне на репрезентацијата се мали.

Доколку Хап не може да одговори на повикот поради повреда, Јончевски има една опција. Да го повика Ти-Џеј Шортс, кој има неверојатно добро сезона, заедно со Ненад Димитријевиќ ќе бидат опасен тандем и проблем за противниците.

Собирот е зкажан за понеделник (17 февруари) останува да видиме кој од Американците ќе добие повик.

ПретходноФК Гостивар: Имаме само една цел, да бидеме шампиони!
СледноТренерот на Ливерпул доби суспензија од два меча! (ВИДЕО)