Фановите на Алборг по вчерашната победа над Барселона во Лигата на шампиони денеска добија нова убава вест. Најновите информации велат дека Сандер Сагосен е пред потпис со данскиот тим и за кратко време може да биде промовиран како ново засилување.
Сагосен беше поврзуван со Алборг уште пред извесно време, но преговорите се интензивираа норвешкиот ракометар во следните 48 часа и официјално ќе го стави потпис.
Колштад се соочува со финансиски проблеми, па од оваа причина ќе мора да му дозволи на својот најдобар ракометар да направи трансфер. А доколку се оди според планот, Сагосен ќе треба да биде во составот на Алборг на претстојниот завршен турнир од Купот на Данска.