Во пресрет на стартот на пролетниот дел, денеска со официјално соопштение се огласи и раководството на ФК Гостивар. Во него се вели дека тие жалат што и оваа пролет натпреварите нема да ги играат на градскиот стадион во Гостивар, дека ќе мора да играат во Скопје.
Исто се вели дека тие имаат намера ветувањето од 2021 година, да се биде шампион на Македонија за 3-4 години, да го исполнат. Тоа е нивната единствена цел.
И кога ќе бидат шампиони своите европски мечеви ќе ги играле во Скопје, веројатно се мисли на Арената “Тодор Проески“.
Ова е соопштението на ФК Гостивар: