Непосакувано сценарио за Пелистер на првиот меч во Лигата на шампиони после паузата. Актуелниот македонски првак беше поразен на гостувањето кај Спортинг со 30-24. Но, ова не е се. Истовремено најсериозниот кандидат за освојување на шестото место на табелата, Висла Плоцк славеше на гости кај ПСЖ со 28-31. По комплетирање на 11. коло, полскиот тим и Пелистер имаат по 6 бода.
Шпанскиот стратег на клупата на битолчани, Раул Алонсо и пред мечот најави дека на гостувањето во Лисабон мора да бидат перфектни доколку сакаат да си заминат со позитивен резултат.
„Спортинг одигра навистина солидно. Бевме 45 минути во игра, но промашивме многу шутеви и ни беше многу тешко психички. Знаеме дека треба да поправиме некои работи, но ние сме добар пат“, изјави Алонсо.
Следен противник на Пелистер во Лигата на шампиони е Динамо Букурешт, дуелот се игра во Битола на 20 овој месец.