Анчелоти ќе ја засилува одбраната на Реал со Павловиќ од Милан

1088

Италијанските весници денеска пишуваат дека Реал Мадрид е заинтересиран за српскиот интернационалец, Страхиња Павловиќ. Изминатите денови во Милан се споменуваше дека стоперот веќе е на излезна врата оваа зима, а сега приказната се префрли за на лето.

Наводно, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го посочил српскиот дефанзивец како опција да се засили централниот дел од одбраната, кој сезонава го мачат повреди.

Павловиќ неодамна се договори со тренерот Серхио Консеисао да си замине од Милан, но „росонерите“ не сакале да му дозволат да замине за сума под 30 милиони евра. Павловиќ пристигна во Милан за 18 милиони од Салцбург.

ПретходноМЗТ Скопје е првиот финалист во Купот на Македонија
СледноБербери пронајде клуб, ќе игра за Чешке Будејовице