Екипата на МЗТ Скопје е првиот финалист во Купот на Македонија во кошарка. Во полуфиналето во Гевгелија вечерва, МЗТ го победи Пелистер со конечни 88:103, а тренерот Атанасов изјави дека е задоволен од учинокот на неговиот тим.
„По првите три минути успеавме да го исконтролираме целиот меч. Влеговме во нашиот препознатлив ритам. Веќе го забораваме овој меч и со главите сме во големото финале. Ако ме прашате мене мојот тим е секогаш најдобар. Одигравме два натпревари во одличен ритам и се надевам дека ќе одиграме и утре така. За нас не е важно кој ќе биде противник во финалето“, изјави Атанасов.