Баскет Кам закажа куп-финале со Вардар

63

Кошаркарките на Баскет Кам се вториот финалист во женскиот дел од Купот на Македонија. Попладнево во Гевгелија во второто полуфинале, составот од Каменица славеше со 61:58 против екипата на Бадел и закажа финале против екипата на Вардар.

Како и на првата средба, така и овој дуел донесе неизвесна завршница. Подобро се снајдоа кошаркарките на Баскет Кам, кои и во поголемиот дел од мечот беа во континуирано водство.

Кметонска со 18 и Поп-димитровска со 16 поени беа најефикасни кај победничкиот тим, додека кај екипата на Бадел, Марија Николов играше симултанка со 33 постигнати поени.

ПретходноНиколов и Начевски ќе го судат дербито во Лигата на шампионите
СледноЕ вака го личи најтрофејниот: Вардар со групна фотографија на Арената пред големото дерби против Шкендија