Бербери пронајде клуб, ќе игра за Чешке Будејовице

313

Рајан Бербери има нов клуб. Ќе игра за тимот на Чешке Будејовице. Бербери инаку е репрезентативец на Македонија до 21. година кој што дебитираше за нас на селективниот камп пред неколку месеци последен во организација на сега веќе поранешниот селектор Драган Канатларовски. Бербери доби минутажа во двомечот со Косово.

Тој е инаку дете на Стандард Лиеж, а ние подолг период се обидувавме да го привлечеме да игра за нас. Претходно тој беше дел од репрезентацијата на Луксембург, за која што беше и капитен, и за која што дури имаше повик и за А репрезентацијата.

Ќе видиме сега, откако Бербери пронајде клуб каде што ќе биде споре договорот до 2026 година дали ќе се најде на списокот на селекторот Горан Станиќ, кој допрва треба да дебитира на клупата на У21.

 

ПретходноАнчелоти ќе ја засилува одбраната на Реал со Павловиќ од Милан
СледноИ Вилијамс продефилира со новиот болид на Силверстоун (ФОТО)