Брајтон му одржа лекција на Челзи

93

На стартот на новото коло од Премиер лигата, тимот на Брајтон вечерва на свој терен му одржа фудбалска лекција на Челзи совладувајќи го со 3:0.

Домаќинот од старт покажа дека има намера вечерва да победи и така и беше. Митома погоди за водство, а за 2:0 се погрижи Минтех во 38. минута.

Истиот играч во 63.минута направи да биде 3:0 по што се насети катастрофата на гостинот на овој меч.

Со овие три бода, тимот на Брајтон дополнително си ја засили позицијата на табелата со освоени 37. бодови и осмо место, додека Челзи сега е четврти со 43. поени.

 

ПретходноЕлмас дебитираше со гол, но Торино загуби (ВИДЕО)
СледноМиовски се врати на терен, а Џирона загуби од Гетафе