Искусниот Валон Ахмеди (30) е најново засилување за Работнички. Како што денеска потврдија од клубот, Ахмеди доаѓа во редовите на скопските „романтичари“ како слободен агент.
Ахмеди е офанзивен играч за врска, кој може да игра и на крилните позиции. Во кариерата има настапувано за Судтирол, Целје, Марибор, Кирјан Шмона, Интер Запрешиќ, Шкендија, Шахтер Солигорск.