Дешам кажа што мисли за Зидан како негов наследник на клупата на Франција

203

Селекторот на Франција, Дидие Дешам, смета дека неговиот поранешен соиграч Зинедин Зидан е вистинскиот човек да го замени како селектор на француската репрезентација по Светското првенство во 2026 година.

„И двајцата многу се почитуваме. Последен пат се видовме летото 2023 година, но ќе се сретнеме во наредните месеци. Зизу е одличен кандидат за следен национален селектор. Ова е логична и, би додал, очекувана опција. Но, не знам дали ќе биде подготвен“, изјави Дешам во интервју за „Л’Екип“.

Селекторот на Франција беше запрашан и дали ќе го повика Килијан Мбапе во тимот за четвртфиналните дуели од Лигата на нации против Хрватска во март, откако Мбапе пропушти два последователни натпревари за „петлите“ наесен.

„Сигурно дека Килијан ќе биде во тимот, зошто да не“, одговори Дешам.

ПретходноКлиперси се вратија од минус 20 и ја добија драмата со Јута (ВИДЕО)
СледноАлонсо: Знаеме што треба да поправиме, на добар пат сме!