Едукативна трибина за одговорно играње на игри на среќа!

38

Во рамки на проектот  Играј одговорно“,  се одржа едукативна трибина со цел превенција и зголемена свесност кај младите луѓе за опасноста и ризиците од прекумерното играње на игрите на среќа.

Со поддршка на Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, Здружението на лекувани зависници, на 12.02.2025 одржа едукативна трибина во  ОУ „Браќа Миладиновци” во Скопје. Целта на трибината беше едукација во насока на поголема свесност за опасноста и ризиците кои ги предизвикуваат прекумерните активности.

Говорници на трибината беа прим. д-р Павлина Васкова, спец. невропсихијатар, како и психологот д-р Илинка Васкова. Тие како стручни лица во областа, го споделија своето искуство за проблематиката и предизвиците на зависностите, нагласувајќи ја важноста на превенцијата, заштитата и одговорноста.

Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија како како општествено одговорна компанија, посветува сериозно внимание на утврдувањето на стандардите со кои се овозможува реализацијата на одговорното приредување игри на среќа, заедно со политиката на одговорно играње. Целта ни е да го намалиме ризикот за сите играчи, а особено оние кои припаѓаат на ранливи општествени категории.

ДВЛМ, како одговорна, а воедно и прва компанија од дејноста игри на среќа која сериозно е посветена на одговорното играње и почитување на регулативите, преку  едуцирање и заштита на играчите на игрите на среќа, се залага за спречување на негативните последици од прекумерното играње игри на среќа, истакнувајќи ја важноста  од одговорно играње и одговорно приредување игри на среќа.

#ИграјОдговорно

ПретходноВардар врати: Вашите навивачи не се добредојдени!
СледноЕХФ за Кузмановски: Запрете го ако можете (ВИДЕО)