Пелистер не успеа да приреди изненадување на гостувањето кај Спортинг Лисабон во рамките на 11. коло во Лигата на шампиони, беше поразен со 30-24. Актуелниот македонски првак беше конкурентен до 45. минута по која домашниот тим ја започна својата доминација и на крајот лесно дојде до бодовите.
Прв стрелец кај Пелистер беше капитенот Филип Кузмановски, кој имаше шест гола од 15 обиди. Еден од неговите погодоци се најде на „радарот“ на ЕХФ.
„Запрете го ако можете, еден од најсилните шутеви во лигата“, стои во описот на ЕХФ.