Е вака го личи најтрофејниот: Вардар со групна фотографија на Арената пред големото дерби против Шкендија

4502

Се е подготвено за старт на пролетната полусезона во ПМФЛ шампионатот. В недела со почеток од 14:00 часот стартува втората полуетапа од фудбалското првенство, коло, кое што секако ќе биде одбележано со големото дерби. Помеѓу Вардар и Шкендија. Истото се игра на Арената Тодор Проески.

Тоа што Вардар е предпоследен, а Шкендија во трка за титулата, воопшто не го менува значењето на дербито. Вардар веќе не е оној тим од есента, од проста причина што доведе дванаесет нови фудбалери. Гоце Седлоски имаше и повеќе од доволно време да го склопи тимот, дваесет дена базични подготовки во Анталија, за да создаде респектабилна екипа.

Вардар полека се консолидира. Хаосот кој што го „газеше“ нашиот најтрофеен клуб со години полека го снемува, исчезнува. Нештата се средуваат. Полека но сигурно. Пред самото дерби, како што и личи на еден сериозен клуб, групна фотографија со актуелниот состав. И тоа се знае каде. На Арената, каде што и треба да биде. Вардар се сликаше дома. На својот стадион. Со нова опрема, со нови играчи, со новитети и во стручниот штаб. Вака го личи Вардар.

 

ПретходноБаскет Кам закажа куп-финале со Вардар
СледноВасил Ташовски е следната наша цел