Формула 1 тимот на Вилијамс денеска го претстави својот болид за претстојната сезона. Церомонијата се одржа на патеката Силверстоун.
Болидот наречен FW47 го возеше новиот член на Вилијамс, Карлос Саинц, кој претходно потпиша повеќегодишен договор со британскиот тим откако го напушти Ферари. Обожавателите на Вилијамс ќе ја дознаат бојата на новиот болид на специјален настан организиран од Формула 1 на 18 февруари во лондонската О2 Арена.
Покрај Саинц, за Вилијамс ќе вози и поранешниот член на тимот Тајланѓанецот Александер Албон.Вилијамс минатата сезона ја заврши на претпоследното, деветто место, во конструкторскиот шампионат.
— Atlassian Williams Racing (@WilliamsRacing) February 14, 2025
In its natural environment 🙌 pic.twitter.com/R0tKNAj6DH
— Atlassian Williams Racing (@WilliamsRacing) February 14, 2025