Клиперси се вратија од минус 20 и ја добија драмата со Јута (ВИДЕО)

57

ЛА Клиперси ја добија драмата со Јута, после продолжение славеа со 120-116 на гостински терен. Тимот од ЛА посилно ги отвори дополнителните пет минути, дојдоа до водство од +5 и на крајот обезбедија победа.

Клиперси успеаја да ја надополнат негативата од -20 што ја имаа во текот на втората четвртина, а беа блиску до победа во регуларниот дел од сезоната. Сепак мечот се решаваше во продолжение.

Најефикасен кај победникот беше Пауел со 41 поен, Харден забележа 32 поени, 10 скока и седум асистенции. Најдобри играчи на Џез беа Филиповски со 20 поени и 10 скока и Лаури Марканен со 20 поени и шест скока.

Клиперси имаат скор од 31-23, додека Јута е само претпоследна на Западот со скор од 13-41.

НБА, резултати:
Хјустон – Голден Стејт 98:105
Њу Орлеанс – Сакраменто 140:133 прод.
Далас Маверикс – Мајами Хит 118:113
Минесота – Оклахома 116:101
Јута Џез – Клиперс 116:120 прод

ПретходноMozzart Sport тврди: Српски тренер ќе го менува Алушовски во ГРК Охрид
СледноДешам кажа што мисли за Зидан како негов наследник на клупата на Франција