Кожув си закажа Куп финале против МЗТ

125

На домашен терен, и пред својата публика, тимот на Кожув ќе има шанса да освои Куп трофеј. Гевгеличани вечерва го совладаа Гостивар 91:72, и си закажаа финале во Купот на Македонија против фаворизираниот тим на МЗТ Скопје.

Кожув издоминира во полуфиналето против Гостивар, и имаше контрола врз резултатот во текот на целиот меч. Водени од домашната публика, која што нормално ја наполни салата во Гевгелија, Кожув клучната разлика на мечот ја направи во втората четвртина која што ја доби со 27:6, и која што реално пресуди за ваквиот развој на настаните на овој меч.

Ова е второ финале за Гевгеличани откако еднаш веќе загубија пред десетина години во финалето загубија од Работнички.

Најдобар поединец на мечот беше Стевановиќ со 34 поени, го следеше Вилетиќ со 11, и Вилсон со 10.

 

 

 

ПретходноАтанасов: Играме во добар ритам, се надевам на истото и во финалето
СледноЕлмас дебитираше со гол, но Торино загуби (ВИДЕО)