Куп на Македонија: Полуфинални битки во Гевгелија!

255

Во Гевгелија продолжуваат битките за трофејот во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“. На програмата се полуфиналните мечеви во женска и машка конкуренција.

Во првото полуфинале кај дамите силите ќе ги одмерат Крива Паланкаа и Вардар, мечот е закажан со почеток во 13 часот во салата „26 април“, додека подоцна (15:30 часот), бранителот на трофејот Баскет Кам ќе се сретне со Бадел 1862.

Во машка конкуренција не очекува интересен ден. Бранителот, МЗТ Скопје по убедливата победа против Работнички, денеска ќе се соочи со Пелистер, мечот стартува во 18 часот. Овие две екипи лани играа во финалето, битолчани беа на чекор до освојување на пехарот.

„Секое дерби е посебна приказна, имавме некои натпревари со Работнички кои беа тесни и возбудливи, но овој меч беше реакција на моите играчи зато ашто знаеме за што сме дојдени тука.

Дали делуваше како четвртфинале на Куп, не знам, но мојата екипа не е задоволна само со оваа победа затоа што полуфинале или финале за нас не значи ништо. Целите наши се јасни, сакаме да го одбраниме трофејот. Се додека играме вака, можеме со сите да играме. Дали сме фаворити или не, останува да го покажеме на терен тоа“, изјави Васко Атанасов, тренерот на МЗТ Скопје. 

Домаќинот Кожув пак за пласман во големот финале ќе мора да го добие Гостивар, овој дуел е закажан во 20:30 часот.

ПретходноРаботнички не успеа да го регистрира Зиљкиќ!
СледноКапинковски стартува со Македонија против Босна во Скопје