Првиот финалист во овогодинешниот Куп на Македонија во Кошарка, е тимот на МЗТ Скопје. „Металците“ со конечни 88:103 предмалку го совладаа тимот на Пелистер во првото полуфинале од Купот кој што се одржува во Гевгелија и на тој начин ќе има можност викендов да дојде до уште една титула во ова натпреварување.
По вчерашниот триумф над вечниот ривал Работнички, овојпат МЗТ Скопје беше пресилен за Пелистер во меч во кој имаше контрола на резултатот во поголемиот дел од истиот. Освен на почетокот кога, битолчани имаа 11:5 во нивна корист се останато беше на старанат на тимот од Скопје.
По серија до петнаесет неодговрени поени, резултатот замина во полза на МЗТ Скопје, а Пелистер немаше одговор на играта на противникот.
Напротив, МЗТ ја покажа сета своја сила, и стигна и ја премина и „стотката“ на овој меч. Пелистер пак единствено што стори до крајот е да намали на минус 15 за да овој пораз не биде катастрофален.
Маслинко беше најјефикасен на овој меч со 29 поени, додека Магдевски додаде 10.
Во второто полуфинале од Купот се среќаваат вечерва екипите на Кожув и Гостивар.