Денеска со ждрепка беа одредени двојките за натпреварите во четвртфиналето на Купот на ОФМ за 2025 година. Во машка конкуренција освојувачот на Купот, Штип УГД како голем фаворит ќе го пречека тимот на Скопје, додека шампионот Струмица исто така ја задржува фаворитската улога на домашен терен против Универзитет во Тетово.
Кај дамите, тимот на Пелистер Волеј кој го елиминираше освојувачот на Купот од минатата сезона, Струмица, во четвртфиналето ќе одат на гости кај Фит Фан Волеј. мало дерби ќе гледаме во Скопје каде шампионите Работнички ќе го пречекаат штипски Младост УГД.
Четвртфиналните дуели се закажани за 19 февруари (среда), се игра во еден добиен натпревар на теренот на носителите.
КУП НА ОФМ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (М):
Штип УГД – Скопје
Струмица – Универзитет во Тетово
Борец – Лирија
Шкендија – Работнички 71&22
КУП НА ОФМ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (Ж):
Наковски Волеј – Вардар ЕМ
Јанта Волеј КВ – Газели Волеј
Фит Фан Волеј – Пелистер Волеј
Работнички – Младост УГД