Трофејот во Купот на Македонија во одбојка во женска конкуренција оваа година ќе има нов сопственик. По осминафиналните дуели, бранителот на трофејот од минатата година, Струмица, доживеа елиминација од второлигашот Пелистер Волеј, па сега не очекува нова битка за примамливото признание.
По скоро два и пол часа битка во пет сета, битолскиот тим ги победи струмичанки со 3:2 и уште во раната фаза успеа да го елиминира бранителот на трофејот. На одбојкарките на Вардар ЕМ исто така им беа потребни пет сета за да се радуваат над Фламинго Волеј и да го потврдат своето место во четвртфиналето.
Јанта Волеј КВ, Работнички Скопје, Наковски Волеј, Фит Фан Волеј, Вардар ЕМ, Младост УГД, Пелистер Волеј и Газели Волеј се екипите кои обезбедија четвртфинале во женска конкуренција. Ждрепката за четвртфиналните парови е закажана за 14 февруари, он-лајн, во 13 часот, додека натпреварите ќе се играат на 19 февруари (среда).
ОСМИНАФИНАЛЕ КУП НА ОФМ 2025 ЖЕНИ:
Јанта Волеј КВ – Куманово 3:0 (25:2, 25:22, 25:11)
Работнички Скопје – Форца Волеј ЕМА 3:0 (25:10, 25:12, 25:9)
Наковски Волеј – Вардар жени 3:0 (25:5, 25:19, 25:15)
Фит Фан Волеј – Јанта Волеј БУТ 3:0 (25:17, 25:16, 25:22)
Вардар ЕМ – Фламинго Волеј 3:2 (11:25, 25:13, 22:25, 25:13, 15:10)
Младост УГД – Бами Кор 3:0 (25:9, 25:7, 25:15)
Струмица жени – Пелистер Волеј 2:3 (23:25, 25:22, 25:27, 25:17, 12:15)
Ускана Волеј – Газели Волеј 0:3 (15:25, 15:25, 18:25)