Денеска на 73-годишна возраст почина Стеве Грнчаров, некогашниот истакнат фудбалер и легендарно лево крило на ФК Тетекс. Грнчаров ги бранеше боите на Тетекс во текот на една деценија, од 1974 до 1984 година, оставајќи неизбришлива трага во историјата на тетовскиот фудбал.
Роден во 1952 година во Струмица, тој беше пример за посветеност, професионализам и љубов кон фудбалот. Неговото заминување е голема загуба за сите што го познаваа, како и за целата фудбалска заедница.
Управата на ФК Тетекс 1953 изрази длабоко сочувство до семејството Грнчарови.