Работнички не успеа да го регистрира Зиљкиќ!

390

Најавеното засилување од БиХ, Алмедин Зиљкиќ сепак нема да игра оваа полусезона во дресот на Работнички. Иако трансферот бил договор, сепак од технички причини напаѓачот не можел да потпише за клубот од Градски парк поради тоа што Работнички во една сезона ќе му бил трет клуб. Да потсетиме дека Зилкиќ оваа сезона веќе имал настапи за Естегал (Иран) и Нови Пазар (Србија) од каде и требаше да дојде во Работнички.

Па така сега раководството на клубот од Градски парк во последен момент ќе мора да бара адекватно засилување во нападот ако се знае дека во овој зимски преоден рок остана без Али Регба, Атдхе Мазари и Влатко Стојановски а вратен беше Анес Рушевиќ.

ПретходноЛегендарниот Сер Алекс Фергусон накратко ќе се врати на тренерската работа
СледноКуп на Македонија: Полуфинални битки во Гевгелија!