Ѕвездата на Рома, Пауло Дибала беше принуден да го напушти теренот на натпреварот против Порто од плеј-офот во Лигата на Европа. Тој беше заменет непосредно пред полувремето поради повреда предизвикана од грубиот прекршок на Варела.
Дибала многу силно го започна натпреварот и можеше да го отвори резултатот, но неговиот удар го одбрани голманот на домаќините. Во средината на првото полувреме Варела го удри напаѓачот на Рома под коленото. Дибала доби лекарска помош и се врати во игра, но на крајот од полувремето сепак излезе за да избегне влошување на состојбата.
Рома се уште не соопштува дали повредата на аргентинскиот интернационалец е сериозна. Тимот викендов има патување во Парма, а една недела подоцна ќе се соочи со Порто на Олимпико.
Пауло Дибала од почетокот на сезоната има 6 гола и 3 асистенции на вкупно 29 натпревари.