Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија денеска го објави и точниот термин на одржување на Изборно Собрание на Ракометна Федерација на Македонија.
Трката за претседателското место во македонскиот ракомет ќе биде одржана на 1 март со почеток во 12 часот во просториите на Советот на Град Скопје. Како што беше најавено, досегашниот предводник на нашиот ракомет, Живко Мукаетов се повлекува од претседателското место, па останува да се види кој ќе ја добие довербата на делегатите на Собранието и кој ќе го наследи на претседателската позиција.
На дневниот ред на Собранието се најдоа вкупно 13 точки.
ДНЕВЕН РЕД НА ИЗБОРНОТО СОБРАНИЕ НА РФМ 2025