Вардар врати: Вашите навивачи не се добредојдени!

4358

И дефинитивно нема да има навивачи на Шкендија во недела на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, во рамките на првото пролетно коло во ПМФЛ на мечот Вардар – Шкендија.

Сосема очекувано Вардар го одби барањето на тетовци, за 300 нивни фанови, „Балисти“ да присуствуваат на Арената и да ја бодрат Шкендија на овој дерби натпревар.

Вардар барањето го одби со образложение дека навивачите на Шкендија не се добредојдени, посебно ако се знае што се случуваше на последните натпревари под Шара кога гостуваше нашиот најтрофеен клуб. Треба да се знае дека Шкендија во неколку наврати одби да ги прими фановите на Вардар, “Комитите“, на тие мечеви.

Од таборот на Вардар велат дека кога ќе има реципроцитет може да се говори на оваа тема, сега НЕ.

ПретходноКапинковски стартува со Македонија против Босна во Скопје
СледноЕдукативна трибина за одговорно играње на игри на среќа!