Кошаркарките на Вардар обезбедија пласман во финалето на женскиот дел од кошаркарскиот Куп на Македонија. Денеска во првиот полуфинален дуел во Гевгелија, Вардарци успеаја да слават против екипата на Крива Паланка со 78:72.
Зафировска со 19 поени беше лидер во составот на „црвено-црните“, а одличен меч имаа и Алексиќ со 15, Селцова со 14 и Тасевска со 13 поени. Кај екипата на Крива Паланка, Мекелхени постигна 33 поени, недоволни за победа.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Баскет Кам и Бадел.