Васил Ташовски е следната наша цел

1535

Огнен Чак Дојчиновски

Новото раководство на Фудбалската Федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ вети, а тоа и го спроведува на дело, дека ќе направи се за доброто на мак фудбалот. Особено кога станува збор за младинските категории. Веќе на оваа тема се направени крупни чекори, донесени се доста нови кадровски решенија, а организацијата и одржувањето на камповите за младинските селекции од најразлични категории се во полн ек.

Па така, наскоро ќе имаме многу појасна слика од страна на селекторите со што располагаат поедини генерации од У15 односно играчите родени 2011 година, па се до онаа која што тропа на сениорската врата односно У21 генерацијата.

Сепак, покрај нашиот, домашен потенцијал, секако дека мора да се потрпеме и на она што ќе ни го понуди и дијаспората. Од најразличен карактер.
Последно од она што како момент се појавува, и тоа од наша непосредна близина, а е исклучително интерено, е новитетот во младинската школа на Партизан.

Момчето кое што беше досегашен член на тимот на Чукарички, од зимава е аквизиција на „Црно – белите“. Се работи за Васил Ташовски, момчето кое што е родено 2007 година односно во моментов има 17. години.

Игра на позицијата десен офанзивен играч, и во Белград е претставен како засилување кое планираат многу кратко да се задржи во младинската школа пред да биде приклучен на првиот тим.

Она што пак за нас е важно е што Ташовски веќе има повик за репрезентацијата на Србија, односно за генерацијата У18. Одигра и неколку мечеви. Македонија и ФФМ ќе треба да реагираат на темата „Ташовски“ и момчето кое што со сигурност има и наш пасош го промени националниот дрес.

 

ПретходноЕ вака го личи најтрофејниот: Вардар со групна фотографија на Арената пред големото дерби против Шкендија
СледноНејмар сонува да се врати во Барселона