Елмас дебитираше со гол, но Торино загуби (ВИДЕО)

1571

Елиф Елмас не можеше на подобар начин да дебитира за неговиот нов клуб, Торино. По враќањето во Серија А, Елмас вечерва дебитираше во второто полувреме против тимот на Болоња на гостински терен и по само неколку минути минати на терен успеа да погоди во домашната мрежа. Сепак, тоа не беше доволно за Торино да освои и бод, затоа што на крајот загуби со 3:2.

Домаќинот погоди за водство преку Ндоје, за да израмни Влашиќ. Елмас го доведе гостинот во водство од 1:2, за да Ндоје со својот втор гол направи 2:2. Во судиското продолжение од мечот Бираги си постигна автогол за конечни 3:2.

 

 

ПретходноКожув си закажа Куп финале против МЗТ
СледноБрајтон му одржа лекција на Челзи