Миовски се врати на терен, а Џирона загуби од Гетафе

199

По подолга пауза Бојан Миовски се врати на терен. Во поразот на неговиот тим Џирона вечерва од тимот на Гетафе. И тоа на свој терен од конечни 1:2.

Нашиот репрезентативец влезе во игра за да помогне колку што може во судиското продолжение од мечот но немаше ефект. Уче беше тој што го доведе гостинот во водство, за да Херера израмни на 1:1 во вториот дел.

Борха Мајорал во 62. минута, по само триесетина секунди минати на терен го доведе Гетафе повторно во водство, што подоцна се покажа и како конечен резултат.

Џирона остана на 31. бод и осмо место, а Гетафе сега е единаесетти со бод помалку.

ПретходноБрајтон му одржа лекција на Челзи
СледноСите трансфери на едно место: Вардар направи ДАРМАР во зимскиот преоден рок!