Нејмар сонува да се врати во Барселона

128

Нејмар неодамна го заврши својот втор ангажман во клубот во кој ја започна кариерата – Сантос, но неговите планови се поврзани со Европа. 33-годишниот напаѓач сака повторно да игра на највисоко ниво и се надева дека во наредните месеци ќе покаже дека големиот фудбал не е зад него.

Според Кадена Сер, желбата на Нејмар не е едноставно да се облече за некој од великаните на Стариот континент, туку да се врати во Барселона. За таа цел ќе направи се за да влезе во оптимална форма до летото, кога ќе се отвори преодниот рок во Европа.

Бразилскиот напаѓач беше дел од Барса помеѓу 2013 и 2017 година, формирајќи магично трио во нападот со Лионел Меси и Луис Суарез. Нејмар потоа се пресели во Пари Сен Жермен, а потоа се упати во Саудиска Арабија.

По враќањето во Сантос, Неи Јуниор одигра 3 натпревари, но сè уште нема постигнато гол.

ПретходноВасил Ташовски е следната наша цел
СледноСе огласи и Шкупи: Забраната од ФИФА е тргната