Анчелоти: Нешто се случува со судењето на последните три натпревари

422

Карло Анчелоти по мечот со Осасуна не сакаше да зборува многу за судијата, затоа што како што рече: „Ако зборува премногу ќе мора да го пропушти следниот меч за тимот“. Сепак, јасно потенцираше дека не е задоволен од арбитражата.

„ВАР ги проверуваше моментите во нашиот шеснаесетник, но не и оние во шеснаесетникот на противникот, како на пример, со ситуациите на почетокот на натпреварот. Имаше две-три работи кои требаше да се ревидираат, но тоа не се случи. Има проблем: нешто се случува во последните три натпревари. И се што можеме да направиме е да се бориме, да се бориме и да играме. Генерално, одигравме добро и ќе се обидеме да го сториме истото во среда во Лигата на шампионите и во следната рунда. Се надевам дека се ќе биде добро“, рече главниот тренер на Реал Мадрид.

ПретходноХименез со деби-гол во Серија А му донесе победа на Милан
СледноПМФЛ: Силекс, Шкендија, Работнички и Гостивар по круната на шампионот! Што може Вардар оваа пролет?