Аталанта и Каљари си ги поделија бодовите

29

Реми без голови одиграа екипите на Аталанта и Каљари во вториот денешен дуел од Серија А програмата.
Во Бергамо, домаќинот ја имаше улогата на фаворит но попусто кога не ги искористи шансите кои ги создаде. Од друга страна пак, Каљари беше дојден да не загуби и ја оствари целта.

Аталанта сега со овој кикс се оддалечи од Интер односно Наполи кои се на самиот врв, и е во моментов со 51. бод.

Од друга страна пак, Каљари освои важен бод во обидот да го избегне долниот дел од табелата и да има мирен финиш на овогодинешниот шампионат.

 

ПретходноВардар рутински против Прилеп
СледноХајдук киксираше кај Истра, а Гатузо го остави Трајковски во Сплит