Атанасов: Ова беше тотална доминација на МЗТ Скопје

118

Тренерот на МЗТ Скопје А., Васко Атанасов, по новиот освоен пехар во Купот на Македонија, вели дека доминацијата која ја покажаа „штрковите“ беше видлива од првиот до финалниот ден на турнирот.

„Кога ќе ги видите трите натпревари, ова беше тотална доминација на МЗТ Скопје. Немам зборови, играчите го покажаа тоа што требаше на теренот. Добивме три натпревари со голема разлика, имавме перфектна одбрана, перфектен напад и тоа е тоа. Прво, Кожув одигра одличен меч. Ние освен во воведните минути, како и вчера, немавме никакви проблеми. Мислам дека тимската одбрана го реши натпреварот. Не можам да издвојам ниту еден играч, но Миловановиќ од клупата влезе кога имавме мала криза и одигра одлично. МЗТ Скопје на овој турнир дојде само со двајца странски играчи. За младите играчи е многу битно да играат кога е најпотребно. Кај нас домашните помлади играчи имаат вистинска улога во тимот“, вели Атанасов.

ПретходноМВП признанието во рацете на Андреј Маслинко!
СледноМаслинко: Одигравме феноменално, следната цел е шампионската титула