Денешната програма во Бундес германскиот шампионат донесе два резултата кои можат да се оценат како изненадувања.
Првично, тимот на Бохум кој се бори за гол прволигашки живот, успеа да ја совлада Борусија Дортмунд на свој терен со 2:0. И тоа со двата гола на Масурас постигнати во рок од две минути, во 33. односно 35. минута.
Од друга страна, Штутгарт иако поведе со голот на Волтемаде на свој терен на крајот загуби од Волфсбург. Пресвртот е дело на Томас, односно Амоура.
Конечно, Фрајбург дефинитивно си ја покажа одличната форма сезонава со 0:1 триуфмот кај Сент Паули со голот на Росенфелдер во судиското продолжение од мечот.
Резултати:
Бохум – Дотрмунд 2:0
Сент Паули – Фрајбург 0:1
Штутгарт – Волфсбург 1:2
Унион Берлин – Борусија М. 1:2