Во свое време беше убедливо најдобриот фудбалер во светот. Она што Луис Назарио Да Лима или Роналдо Феномено, го правеше како играч на ПСВ, Барса, Интер, Реал и Милан, секако и за селекцијата на Бразил, беше вистинско уживање.
Дел од фудбалските фанови сметаат дека Бразилецот е еден од најдобрите ако не и најдобар фудбалер во историјата.
На прашање на новинарите за кој од фудбалерите со кои играл во иста екипа смета дека е најлошиот или најмалку талентиран, Феномено не се двоумеше и веднаш кажа:
“Тоа е Томас Гравесен од времето кога игравме заедно во Реал Мадрид. Тој како човек, како личност беше ТОП, голем другар, но како фудбалер беше многу лош, просто ги масакрираше противничките играчи“ рече покрај другото Роналдо.