Уште едно коло во домашниот ракометен шампионат и уште еден триумф на фаворитот Вардар во дуел со реално послаб противник. Денеска „Црвено – црните“ обезбедија триумф на домашен терен против тимот на Прилеп со конечни 36:25.
На полувреме гостите и имаа некаков си резултатски приклучот, 16:12, но во вториот дел Вардар ја покажа силата и продолжението го доби со 20:13.
Со оваа победа, тимот на Вардар по 18. мечеви има собрано 32. бода, и е второпласиран зад Алкалоид кој има меч за играње викендов секако, додека пак Прилеп во моментов е на осмата позиција со 14 поени на контото.