ВМФЛ: Денеска стартува пролетната полусезона – “Лавовите“ најавуваат враќање во елитата, Брегалница, Башкими и Арсими со свои амбиции

467

По пауза од три месеци, денеска со мечевите од 16.коло стартува пролетниот дел во Втората македонска фудбалска лига или ВМФЛ. Познато е дека првите две места на табелата по крајот од сезоната водат директно во елитата, третопласираниот тим игра бараж со десеттиот од ПМФЛ за пласман во елитната лига. Двете последнопласирани директно испаѓаат а оној тим кој ќе заврши на 14.место ќе игра бараж за опстанок со една од прваците во третите лиги.

И сега кога се објаснивме, да видиме со какви амбиции екипите ќе играат во оваа полусезона во ВМФЛ. Македонија ЃП ќе стартува со +5 бода пред втората Брегалница, со +6 пред Башкими и +9 пред Арсими.

Се чини ако “лавовите“ ги повторат игрите од минатата полусезона нема да имаат проблеми за да експресно се вратат во елитата. Останатите три екипи ќе се борат за второто место. Ова е прогноза, ама ќе видиме како ќе се одвиваат настаните.

Денеска од 14 часот на програмата се сите осум средби. Лидерот гостува кај Охрид, Брегалница ќе игра со Победа во Прилеп, Башкими го дочекува Борец а Арсими гостува кај Беласица.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки од 16.коло или прво пролетно за денеска:

ДВОЈКИ ЗА 16.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Неготино: Вардар (Н) – Осогово

Богданци: Вардарски – Скопје

Турново: Саса – Кожув

Новаци: Новаци – Детонит

Прилеп: Победа – Брегалница

Куманово: Башкими – Борец

Охрид: Охрид – Македонија ЃП

Струмица: Беласица – Арсими

ТАБЕЛА

Македонија ЃП 38, Брегалница 33, Башкими 32, Арсими 29, Детонит 25, Саса 24, Охрид 24, Скопје 22, Кожув 22, Беласица 19, Новаци 18, Победа 14, Вардар (Н) 14, Осогово 8, Борец 5, Вардарски 5 бодови…

Претходно“Елиф Елмас, тоа беше фантастично“! (ВИДЕО)
СледноЛегендарниот Дуда Ивковиќ влегува во Куќата на славните!