Капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски вечерва дојде до голем јубилеј. Тој го освои десетти куп-трофеј во кариерата, нешто што досега му има успеано само на Перо Блажевски. Дамјан има осум Куп трофеи со МЗТ Скопје и по еден со Вардар и Амак СП.
За МЗТ Скопје ова беше 13-ти пехар во Купот на Македонија, кој го носи името на легендарниот Благоја Георгиевски – Буштур.