Дербито на 22.коло во германската Бундес лига, каде се соочија двете водечки екипи – актуелниот шампион Баер (Л) и актуелниот лидер на табелата Баерн (М) заврши без постигнат гол – 0:0.
Баерн ја задржа големата предност од осум бода на врвот на табелата во однос на вечерашниот ривал. Гостите имаа поголем посед на топката во првото полувреме, но домашните беа многу поопасни и поконкретни, особено во средината на првиот дел, кога Вирц, Фримпонг и Теља промашија убави шанси.
Баер ја прекина победничката серија на гостите, но ова реми не им донесе ништо конкретно ниту ним.