Елези го „стресе“ Динамо, но Адеми и Стефан на крајот славеа (ВИДЕО)

337

Македонскиот фудбалски репрезентативец Агон Елези погоди за екипата на Горица во денешниот пораз на гостувањето кај Динамо (З) со 3:1 во меч од 22. коло на хрватскиот шампионат. Елези го отврои резултатот со гол во 27. минута, но домашните во чии редови Адеми беше стартер, а Ристовски влезе од клупата, успеаја до крајот комплетно да го свртат текот на мечот и да дојдат до многу важна победа во трката за титулата.

За Елези ова беше прв гол оваа сезона во дресот на Горица.

ПретходноТиквеш убедлив против Бутел, Радовиш со прва радост оваа сезона
СледноНаполи испушти победа на гостувањето во Рим (ВИДЕО)