Камил Раст е светска шампионка во слалом

64

Светското првенство во скијање кое што се одржува во Залбах, Австрија е во самиот финиш. Денеска се одржа женскиот слалом на кој што триумфираше Камил Раст од Швајцарија, која што водеше и по првата трка.

Таа ги заврши двете возења со точно една минута и 58 секунди, цели 46 стотински подобро од нејзината сонародничка Венди Холденер. На третата позиција заврши домашната претставничка на Австрија, Катарина Лиенсбергер.

Утре со почеток од 9:45 минути наутро е закажана првата трка од машката верзија на слаломот.

 

ПретходноМитев: Наша цел е победа, иако нема да биде лесно!
СледноОва само Балканци го можат: Еве како Филип Костиќ го повреди својот соиграч Един Џеко! (ВИДЕО)