Првиот дуел до шпанска Примера денеска донесе екстра квалитен меч со многу голови. Леганес и Алавез одиграа реми без победник, 3:3.
Дани Раба го донесе домаќинот во водство од 1:0, за да Гарсиа во 25. минута изеднаќи на 1:1. Раба повторно во елемент за 2:1 пред полувреме. Од пенал, Хоан Џордан израмнува на 2:2, а истиот играч и му носи водство на Алалез од 2:3.
Некогашниот талент на Барселона, Мунир Ел Хадади ги поставува конечните 3:3 во 88.минута за да по две минути истиот играч заработи и црвен картон.