Легендарниот Дуда Ивковиќ влегува во Куќата на славните!

83

Очекувано, ако се знае што направи за кошарката и во кошарката, посебно како тренер. Имено легендарниот Душан Дуда Ивковиќ влегува во Куќата на славните во Спрингфилд заедно со уште 16 кандидати.

Има могу што да се пишува за овој српски стратег, некогашен селектор на екс-Југославија и некогашен предводник на својата Србија.

Сега веќе починатиот Дуда важи за еден од најдобрите тренери во историјата на кошарката во Европа.

Ивковиќ екс- Југославија ја предводеше до златото на ЕП 1989 во Загреб, до среброто на ОИ во Сеул 1988, до златото на СП во Аргентина 1990 година. Со Србија беше европски првак во 1995 во Атина, а со Олимпијакос беше победник во двапати во Евролигата.

Вистинска икона, вистинска легенда во светот на кошарката.

ПретходноВМФЛ: Денеска стартува пролетната полусезона – “Лавовите“ најавуваат враќање во елитата, Брегалница, Башкими и Арсими со свои амбиции
СледноСинер доби суспензија поради допинг – скандалот!