
Имаше свој ден денеска играчот на Манчестер Сити, Омар Мармуш. Тој во дуелот со Њукасл во рамките од новото коло во Премиер лигата за едно полувреме на домашен терен постигна три гола. Сити во тој момент поведе со 3:0, а до крајот Мек Ати ги постави конечните 4:0.
ОД друга страна пак тимот на Астон Вила на свој терен одигра само 1:1 против Ипсвич. Делап ги доведе гостите во водство, а Оли Воткинс спаси бод за домашните.
Фулам го сопре забревтаниот Нотингем Форест сезонава со домашниот триумф од 2:1. Сит Роу за водство, Вуд изедначи на 1:1, а победата на домаќинот му ја донесе Баси во 62. минута.
Саутемптон веќе комотно „плови“ кон втора лига и со денешниот пораз од 1:3 на свој терен. За Брендфорд головите ги постигнаа Оутара, Кристи и Таверние.
Брендфорд со голот на Шаде извлече минимален триумф од 0:1 кај Вест Хем.
https://www.goalstube.online/2025/02/man-city-newcastle.html#google_vignette