Со 17 постигнати поени, Андреј Маслинко заврши како најдобар поентер во рењдовите на новиот освојувач на Купот на Македонија, и сосема заслужено го доби и признанието за МВП на турнирот. По дуелот со Кожув, Маслинко зборуваше и за следните цели на „штрковите“.
„Овие три дена одигравме феноменално. Се одиграа три средби во три дена, немаше многу простор ниту да се подготвиш, ниту да се одмориш. Битен е тимскиот учинок, затоа и дојдовме тука. Следната наша цел е шампионската титула“, кусо изјави Маслинко.